Почитувани,
Ви се обраќаме со надеж дека нашиот предлог за клуб картичка ќе наиде на интерес кај вас.
Користењето на клуб картичката овозможува :
-безготовинско плаќање на клиентите
-верификација на извршени возења од страна на "Наше такси"
Начин на користење на клуб картичката:
Со приложување на картичката во самото возило се врши on-line верификација на клиентот и неговиот статус во системот на Наше такси.
Секој клиент самостојно преку веб интерфејс ќе може да го проверува статусот на својата клуб картичка.
Начин на плаќање
На сите клиенти фактурирањето ќе биде за неделно користење. Во прилог следуваат и сметки потпишани од вработените во компанијата корисник на услугата.
Ние сме тука заради вас, подготвени сме и го очекуваме вашиот повик, а дотогаш
искрен поздрав,
НАШЕ ТАКСИ
|